Се одржа Сениорското изборно државно првенство во Кик Бокс


Сениорите се натпреваруваа за место во репрезентацијата на Македонија која ќе земе учество на Европските првенства во октомври во Шпанија и ноември во Словенија.
Техничката организација беше на клубот ,,Будо ” од Велес , а од комесарот на натпреварувачката комисија Арбен Јонузи доби високи оценки за покажаната организација. Учество земаа 40 спортист од 16 клуба,кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските категории од кик бокс спортот.
Првенството за отворено го прогласи директорот на спортската сала ,,Гемиџии ” Г-дин Александар Табаков , а присутната публика во салата имаше задоволство да ужива во квалитетните борби кои беа одлик на целото првенство.
ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ
Дисциплина ЛОУ КИК
- 1 место-60кг Денис Муаремовски Зан Шин –Битола
- 1 место -67кг Ненад Манојловски Шампион -Скопје
- 1 место -71кг Бојан Крстевски Самурај -Битола
- 1 место -75кг Дејан Ристески Самурај -Битола
- 1 место -81кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор -Неготино
- 1 место -86кг Александар Најдовски Самурај-Битола
- 1 место +91кг Александар Димовски Самурај-Битола
- 1 место +70кг Моника Иванова Тим Зоран-Струмица
Дисциплина К1
- 1 место -75кг Далибор Огнанов Водно кик -Скопје
- 1 место -81кг Мики Ивановски Сан Лион –Делчево
- 1место +91кг Никола Бакалов Зан Шин –Битола
Дисциплина ФУЛ КОНТАКТ
- 1 место +91кг Јане Коцевски Будо-Велес
Дисциплина ЛАЈТ КОНТАКТ
- 1 место -74кг Благојче Петрушевски Гладијатор –Скопје
- 1 место -79кг Бобан Несторовски Гладијатор –Скопје
Дисциплина ПОИНТ ФАЈТ
- 1 место -64 кг Дарко Рунчев Гладијатор Штип
Дисциплина КИК ЛАЈТ
- 1 место -55 кг Ивана Бакева Будо- Кавадарци
- 1 место – 65 кг Стефанија Тодорова Фајт тим –Скопје
- 1 место -53кгСтефан Бошков Будо-Кавадарци
- 1место -63кг Виктор Дуковски Фајт тим Скопје
- 1место -69кг Ненад Манојловски Шампион- Скопје
- 1место -74кг Благојче петрушевски Гладијатор -Скопје
- 1место -79кг Ѓорѓи Вчков Гладијатор -Неготино
- 1 место -85кгМилан Кубин Водно кик-Скопје
Селекторот Дејан Митровски Урко во деновите што следат ќе ги повика кандидатите за доплнување на членови на репрезентација кои ќе се подготвуваат за европските првенства .