Вести

Иџе и Македонија пред врвот на европскиот автомобилизам

width=635

На десеттата етапа во европскиот шампионат во ридски автомобилизам која се одржа во Сент Урсан, Швајцарија, нашиот возач Игор Стефановски – Иџе успеа да дојде триумфира и сериозно да ја зголеми разликата која ќе му ја донесе титулата европски шампион.

Двете возења Иџе ги заврши со одличен резултат (2:18.799 и 2:17.307) и со разлика од неколку секунди ги остави зад себе најопасните конкуренти, Чесите Јири Лос и Мартин Јерман. 

Со седум победи во овогодинашниот шампионат тој сега успеа да направи недостижна разлика за неговите ривали и сега остануваат уште две трки до крајот кој треба да се извозат за формализирање на титулата. 

← Назад кон архивата