Таа со ваква шнола, е таа да си ја чуваш…


Сме виделе милион онакви изуми на принципот „швајцарско ноже”, ама поминималистички од седум-осум алатки во женска шнола за коса немаме.
Сè на сè шнолкава може да се искористи како шрафцигерче за разни шрафчиња, сечило за јаженце, клуч за мутер, држач за свеќички, лупалче за моркови, портокали и што и да ви текне друго.

Одлична мала и евтина алатка која што сигурно ќе ви се најде за некои ситни работи кои многу често се и најфрустрирачки. Пример шрафчето на наочарите или слично..
Повеќенаменската шнолка се вика Leatherdos и чини 6 евра.


