Томи Стефановски го подели првото место на подиумот во Сент Жан

На 60-тото издание на ФИНА Гранд При пливачкиот маратон во Сент Жан, Квебек, Канада македонските маратонци Томи Стефановски, Евгениј Поп-Ацев и Александар Илиевски имаа одличен настап и успеаа да завршат на првото, четвртото и дванаесетото место.
Особено добар настап повторно имаше искусниот 42-годишен Томи Стефановски кој и покрај лошите временски услови успеа да го изнамачи 20 години помладиот колега, локалецот Ксавиер Дешарнаис до самиот финиш на маратонот за да завршат со исто време, 7:09:08 со што мораа да го поделат првото место на подиумот.
Стефановски како што старее станува се’ подобар. Иако со 43 години и шест операции на рамото тој минатата година успеа да заврши на првото место на истиов овој настан во студените 32 километри на канадското езеро, а оваа година повторно изненадува со одличен перформанс.
Одличен настап имаше и Евгениј Поп-Ацев кој заврши на четвртото место веднаш за Аргентинецот Дамиан Блаум и Александар Илиевски кој заврши 12-ти.
Во календарот на Гранд При-то на отворени води преостануваат уште три настани, меѓукои и Охридскиот маратон кој е закажан за 23-ти август.
Фантастичниот финиш можете да го видите тука