Вести

Се намалуваат повредите во фудбалот

width=635

На Мундијалот во Бразил 2014 беа регистрирани вкупно 95 повреди од кои 7 беа сериозни, вклучувајќи ги оние на Нејмар и Хектор Морено. Статистички, оваа бројка е за 40 проценти помала во споредба со претходните турнири. Во 1998 и 2002 година на натпревар во просек имало по 2,6 повреди, а оваа година таа бројка е намалена на 1,6.

Од медицинскиот комитет на ФИФА велат дека ова се должи на почистата игра од страна на играчите (помалку контакти и фаули), поголемите и поостри санкции за повредување на играч и редовните едукации на судиските тројки од 1990 па наваму за тимска психологија и ферплеј. 

„Играчите сè повеќе ја почитуваат одлуката на судијата“, – вели Масимо Бусака, главен на одделот за судење кој нагласува дека на претходниот Мундијал немало ниту еден жолт картон за противење т.е. непочитување на судиската одлука за пенал. 

← Назад кон архивата