Флора-фауна

Мавтањето со рацете ви штеди енергија при трчањето

width=635

Кинетичкиот ланец на организмот е така создаден што рацете со контра движењето према нозете го одржуваат телото во еден своевиден баланс па затоа луѓето сосема природно и несвесно ги мавтаат рацете додека одат и трчаат.

Сепак, досега постоеше една мала енигма во прашањето дали оваа додатна активност на рацете додава повеќе потрошена енергија при самото трчање, онака како што води логичното размислување или има нешто повеќе во заднината. 

Направено беше истражување на повеќе тркачи кои беа замолени да трчаат одделно на четири различни начини, нормално со мавтање на рацете, со рацете вкрстени позади грбот, на градите и над главата. Мерени беа консумацијата на кислород и количината на издишан јаглерод диоксид. 

Резултатите покажаа дека природниот начин на движење на рацете напред-назад штеди повеќе енергија од сите овие други неприродни позиции каде што рацете беа во мирување. Причината зошто е ова вака се смета дека лежи во тоа што мрдањето на рацете при трчањето го намалува движењето на трупот кој претставува поголем сегмент од телтот (40-50%) па затоа, доколку тој е во движење, се троши повеќе енергија за разлика од природниот начин. 

Како и да е, истражувачите предупредуваат луѓето да не го прават овој неприроден начин на трчање со цел да трошат повеќе калории (колку и глупаво да звучи) бидејќи со тоа може да се создадат промени во рбетниот столб. 

← Назад кон архивата