Вести

Street Workout vol.1 – Последен ден

width=635

“Street Workout ”исто така важи и за “заедница” која содржи одредена филозофија, начин на живот и е дел од модерната урбана култура.Интензитетот и разновидноста на постоечките вежби помогнува да се креира и одржува силно тело и одлична психичка состојба. Вежбите се динамични и многу од нив содржат акробатски елементи, кои го прават уличниот тренинг многу атрактивен за гледачите.

Уште од старите времиња вежбите од уличниот тренинг биле користени и тоа од спортисти, спортски клубови и во воени организации за да изградат психичка сила. Вежбите од уличниот тренинг се дел од едукацијата во основните и средните училишта во најголемиот дел од светот. 

Во последните неколку години движењето на уличниот тренинг стана многу популарно и значително се прошири благодарение на интернетот, социјалните мрежи и трудот на Street Workout and Calisthenics Federation. Милиони мажи и жени ширум светот редовно вежбаат.

Прв пат во историјата федерацијата за “Street workout ”започна и продолжи да организира натпревари во ова дисциплина, тоа придонесе за “Street workout” да стане посебна спортска дисциплина.

Добри страни на Уличниот тренинг:

– Атрактивни и модерни продукти;

– Фокус на здравје и фитнес, вежби достапни за сите без многу вложување, спектакуларни за гледачите и во живо и на телевизија;

– Достапни за сите возрасти, сексуалности, социјални групи и без финансиски ограничувања. 

Официјална страна.

Повеќе а настанот тука.

Овој проект е финансиран со поддршка од Европска унија – програма Млади во акција.

← Назад кон архивата