Вести

Летен викенд предизвик со Елена Бубало, Микс Аеробик Скопје

width=635

После успешниот викенд во П.Д. Караџица, исполнет со дружење, вежбање, здрава исхрана и чист планински воздух, авантурата со летните фитнес кампови на Елена Бубало и Микс Аеробик Скопје продолжува. Овој пат локацијата е на најјужната точка од Охридското Езеро, Комплексот Св. Наум. Ве очекува интересна содржина исполнета со физички предизвици, планинарење, јога, здрава исхрана.

Кампот е наменет за сите кои сакаат да потрошат калории, да ги подобрат своите фитнес способности, флексибилноста и мобилноста, да си ја зголемат самодовербата, да почнат да уживаат во вежбањето и да изгледаат добро. Од релаксираните утрински јога сесии, преку планинарската тура на Галичица, до интензивните тренинзи со Елена на отворено, ќе бидете мотивирани и ќе успеете да исполните предизвици кои досега ви биле невозможни.

Краен рок на пријавување е 11.07 (петок), а повеќе информации можете да добиете на овој линк и на овој линк. Ако веќе сте планирале викенд во Охрид или патот ве носи во овој предел, постои опција да се пријавите само за тренинзите и останатите активности. Побрзајте, местата се ограничени…

Ако за момент се поколебавте, погледнете како помина претходниот БУБАЛО ФИТНЕС КАМП НА КАРАЏИЦА!

← Назад кон архивата