Летна тура

Bе оставам само да уживате во некоја фотка од нашата тура на Голем Крчин (2,341м) и Рудина (нешто пониско) кои се издигаат на еден преубав дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.
Храбрите членови на турата со спелеолошки ентузијазам ја разгледаа и пештерата Алилица до која се стигнува со саат време пробивање низ една богата букова шума на Бистра, во близина на Тресонче, а се оди по текот на Тресонечка река – која лади пиво боље од кафана…
Времето – перфектно! Скарата – во маринада! Пивото – коска!
Фотките се на Борче Миланоски и верувам дека ќе ве мотивираат за една тура и дружба во еден од најубавите предели на Македонија.
Членови на провод: Тихи Несторовски, Оливер Стојчевски, Борче Миланоски, Кирил Ончевски, Душко Костадинов, Ристо Јордановски.





























