Вести

Светското за кое што скоро никој не знаеше

width=635

Во Остерсунд, Шведска, неколку дена пред отварањето на Бразил 2014 беше одржано светскотот фудбалско првенство на малите, малку познати или одамна веќе исчезнати држави. Турнирот беше во организација на КОНИФА, Конфедерација на Самостојни Фудбалски Асоцијации која што не спаѓа под светски етаблираната ФИФА односно е дел од нон-ФИФА меѓународниот фудбал.

Остерунд, градот домаќин на ова светско иако спаѓа во територијата на Шведска, неговата популација, народот Сами (номадски народ на одгледувачи на ирваси) го сметаат за главен град на Сапми (Sápmi), попозната како Лапонија. 

width=635

Покрај Лапонија на турнирот учествуваа уште 11 вакви исчезнати, неоформени, или малку познати држави (региони) како Абказија и Јужна Осетија кои се сепаратистички територии во Грузија, Нагорно-Карабах се уште неразрешената точка во Арезбејџан, Занзибар биле поканети ама не можеле да се појават па ги замениле Државата Ница, Дарфур од јужен Судан, Курдистан, Тамил Еелам и уште неколку кои не ни знаевме како да ги напишеме.

Турнирот не се играше за парични награди туку чисто за чест и достоинство на регионите и државите кои настапуваат. Победници биле Ница во финалето со Елан Ванин.

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

Извор

← Назад кон архивата