БАЛАНС+ ОБРОЦИ ЗА СОВРШЕН ДЕН!


НОВИ БАЛАНС+ ФУНКЦИОНАЛНИ ОБРОЦИ ОД БИМИЛК
Вбројувајќи се во редот на функционални производи, „Баланс+” оброците се пробиотски ферментирани млечни производи збогатени со хранливи состојки и растителни влакна кои произлегуваат од природните својства на сливата, крушата, јаболкото и смоквата. Секој од „Баланс+” оброците содржи единствена комбинација на овошни парчиња избалансирани во кремастата структура на јогуртот.
Покрај основната функција и улога која ја имаат во намалувањето на дигестивните тегоби и подобрување на цревната флора, Баланс+ оброците придонесуваат и за надополнување на енергетските потреби, за активен метаболизам и виталност на организмот. Тие се во функција на денешното динамично секојдневје и одговор на потребата од здрав и вкусен појадок или ужина.