Јаготките официјално нè прават најсреќни


Повеќе од 86 проценти од анкетираните луѓе во лондонскиот Универзитет изјавија дека со самата помисла на јаготки тие се чувствуваат порелаксирани и посреќни, нешто што не е чудно за ова прекрасно летно овошје.
За разлика од нив, овошјата кои се јадат како ужинки „на нога“ како бананите и јаболката евоцираат најтажни емоции бидејќи потсеќаат на гужва и избрзани работни ручеци. Сливите пак, имаат најмал потенцијал да ве направат среќни и насмеани, произлезе од анкетата.
Една од причините за која јаготките се „најсреќното“ овошје меѓу популацијата, освен прекрасниот вкус е и карактеристичниот свеж мирис кој евоцира убави спомени.