Востанието во долината


Над 50 години во долината Јосемити се прават искачувања кои не можат да се споредат со ниедно друго во светот. Многумина од протагонистите се луѓе за кои никој не би кажал дека се спортисти, а уште помалку мајстори во качувањето. Во најновиот филм на продукцијата Sender Films од серијалот Reel Rock ни доаѓа трејлерот за филмот „Valley Uprising“, филм за револуцијата која со години наназад се случува во долината Јосемити, со голем дел од сите главни ликови кои ја движеле и движат таа иста револуција.