Тренинг

Бубало фитнес камп на Караџица

Фитнес бут камповите (boot camp) се еден вид на групен тренинг воден од инструктори на кој што се вежбаат најразлични миксови на тренинзи збогатени со стриктни режими на здрава исхрана преку кои најубаво се тренира еден здрав лајфстајл.

Конкретно овој, воден од фитнес инструкторката Елена, на кој што можевме да присуствуваме и ние беше спакуван како дводневна екскурзија во планинарскиот дом Караџица сместен на преубавиот планински масив Мокра. 

Девојките и дечките кои беа присутни имаа можност да искусат едно цело ново ниво на вежбање и уживање во природата, дружење и оброк на една фантастична тараса. Првиот ден беше исполнет со еден интензивен тренинг, дружба и фин ручек, а за вториот беше организирана прошетка до Бегово поле. 

Целиот настан од кој презадоволни си заминаа сите учесници и кој со сигурност ќе се одржи и наредниот месец беше потпомогнат од Филип Чакаров и п.д. Караџица, Тамара Јовановска, Микс Аеробик Скопје и цела една екипа на момци и девојки за логистика.

← Назад кон архивата