Шалтај дигитално и на планина

Веќе пет години друмските велосипедисти имаа опција да отидат на ова дигитално ниво на менувачи, но поради спецификата на теренот, полн со нерамнини и нечистотија, планинскиот велосипедизам дури сега го добива овој новитет.
Се работи за системот менувачи XTR M9050 Di2 кои што работат на истата платформа како и оние за друмски велосипедизам само што се модификувани за теренот. Според возачите кои го имаат испробано системот тие велат дека се екстремно задоволни од прецизноста и брзината на менувањето на брзините.

Шимано го има истестирано системот на 20,000 км. планински патеки досега, а на пазарот е предвидено да искочи во четвртиот квартал од 2014 година.