Пиколино

Минибрејк кочници за Мега родителски живци

 

Како што објаснуваат на видеото, кочницата лесно се поставува скоро на сите детски велосипеди. Има далечински управувач што фаќа до 50 метри со кој можете да го стопирате вашето дете на велосипедот доколку сметате дека се наоѓа во опасна ситуација. Има ЛЕД светилки што индицираат дали батеријата е при крај.

Инаку уредот се смета за паметен поради тоа што кога велосипедот е во мирување кочницата се исклучува, а доколку батеријата е при крај или детето отиде подалеку од 50 метри тогаш таа автоматски се закочува.

Прототипот е направен, следи масовна продукција на ова корисно помагало.

← Назад кон архивата