Вести

Идризи со дупла круна во кати и борби

width=635

Во недела (01.06.2014) во Скопје се одржа еден од појаките карате турнири “СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2014” каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од повеќе балкански земји.

На овој турнир учествуваше и двократниот балкански првак Абдурахим Идризи кој ги освои двете први места во кати и борби и со тоа покажа дека подготвено го пречекува Балканското првенство кое се одржува за две недели во Истанбул Турција.

“Овој турнир ми дојде како тест за Балканското првенство за кое интензивно се подготвувам и атакувам трет пат по ред да ја освојам оваа титула, инаку и во кати не изостанувам со подготовките.”

← Назад кон архивата