Шарпланинаревме до Титов Врв

Исклучително интересно е да се доживее една толкава масовна посетеност на преубавите шарпланински пасишта и врвови. Имаше луѓе од различни предели на Балканов, па и пошироко, нормално, не зборуваме за мнозинството што дојдоа од сите ќошиња на Македонија.
Времето не послужи сосема пријатно, а организацијата од ПК “Љуботен” од Тетово мина во одличен ред. Групата се движеше по живописната Вакуфска патека под околните врвови каде што извираше вода од секој чекор се до седлото меѓу Бакардан и Титов врв од каде што е пристапот до кулата. Имаше и групи кои ја одеа зимската патека која минува низ неколку врвови повисоки од 2000 м.н.в за да се стигне до Титов кој е највисок на овој планински масив (2,747 м.н.в)
Треба ли повеќе зборови или кадри за да ве поттикнеме да стапнете и уживате на нашите преубави планински предели..