Вести

Филмски фестивал за спортови во природа – Крали Марко

width=635

Еден од традиционалните културни обејежја на градот Прилеп е и манифестацијата „Денови на Крали Марко“ која што се одржува во месец мај и на репертоарот нуди повеќе културно-уметнички настани поврзани со околината и историската фигура, Крали Марко. 

Оваа година, во склоп на оваа манифестација за прв пат се одржа и фестивал на филмови за спортови во природа – Крали Марко кој беше организиран од здружението за планинско трчање Trex и Ехо – филмскиот фестивал на кој беа прикажани повеќе кратки филмови од различни аутдор области. 

title=Трајче

Во киносалата „Мис Стон“ беа проектирани филмови од сферата на планинското трчање кое што е широко познато во овој регион по трката „По стапките на Крали Марко“ (Krali Marko Trails), планинскиот велосипедизам, болдерингот, спортското качување, алпинизмот и параглајдеризмот. 

Целата идеја на настанот беше да се промовира потенцијалот на оваа област со сите нејзини можности за спортски туризам и да се разменат искуства меѓу посетителите кои се во овие спортски води.

title=Хироши

Во разговор со Трајче Панковски, еден од организаторите на настанот, бевме информирани дека на филмскиот фестивал го посетија околу 60тина души, а поканет беше и гостинот од Јапонија Хироки Ишикава, планински тркач со големо искуство кој беше во можност да ги запознае можностите на оваа област и да оствари контакт со нашите претставници.

← Назад кон архивата