Хуманитарен семинар за боречки вештини

Семинарот е организиран од Алексовски Ивица, претседателот на македонската федерација за бразилска џиу џица и основач и инструктор на клубот The Strongest. Тој ќе започне во 12 часот и ќе трае 2 часа, а на него ќе се прикажат повеќе различни техники од одделни боречки вештини.
Настанот ќе биде отворен за сите клубови и инструктори кои би сакале да дојдат, да донираат хуманитарни средства и да учествуваат во семинарот, како и за сите оние кои би сакале да учествуваат и да гледаат нешто поврзано со боречките вештини.
Присуството е отворено за секого, а собраните парични средства ќе се префрлат на фондови за хуманитарна помош за настраданите од поплавите кои ги зафатија Србија и Босна.