Флора-фауна

Food revolution day за децата во Македонија

Организацијата Food revolution која е основана во 2010 година претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат домашно приготвена и здрава храна да се обединат во рок од 24 часа за да се обидат да влијаат глобално со свои авторски настани. Во Македонија оваа платформа се организираше во повеќе градинки и училишта со цел да се искористи денот за подигнување на свеста околу важноста од добри училишни програми за исхрана како здрава храна во кујните на училиштата, градинките и воопшто во заедницата.

Настанот започна со едукативни часови во сите градинки низ Р.М за важноста на здравата и домашно приготвена храна, интерактивни боенки, игри, прикази, заедничко готвење на салатата „Виножито” во палачинка и припрема и засадување на мала органска градина со што децата имаа можност да бидат дел од светската иницијатива и интерактивно да учат за здравите навики и перцепции.

Одбележувањето започна во градинката Срничка во Аеродром каде сите 100 деца го готвеа рецептот Виножито, а во готвењето се приклучи и амбасадорот Маја Лазаревска и Министерот за Труд и социјална политика Диме Спасов.

По настанот во градинката, Денот на револуција во исхраната продолжи со централниот настан во ОУ Владо Тасевски, во соработка со компанијата Тинекс, општина Карпош и Арт-М продукција, каде најмалку 100 деца го готвеа рецептот „Виножито” и воедно одлично се забавуваа.

”Јас сум една од амбасадорите во Р. Македонија на Фондацијата за храна на Џејми Оливер и своето време волонтерски го вложувам во креирање на настани кои имаат за цел да ја променат перцепцијата за храната и со мали чекори од најмала возраст децата да се едуцираат да го направат правиот избор. Сите овие настани се моја замисла и дел од една моја визија која години ја негувам. Сите мои замисли стануваат реалност со поддршка на волонтери, супер мајки, компании, институции и огромна благодарност до сите нив”, изјави Маја Лазаревска.

← Назад кон архивата