Вести

МОК во правец на развој на врвниот младински спорт

width=500

Македонскиот олимписки комитет, во насока на обезбедување на учество на нашите врвни млади спортисти на претстојните втори младински Олимписки игри (16-28 Август 2014 г. Нанџинг, Н.Р. Кина), во целост финансиски го поддржа учеството на нашите млади борачи кои водени од своите тренери и во придружба на еден судија и водач на пат, ќе учествуваат на Европското првенство за кадети во борење-слободен стил, кое ќе се одржи во периодот 6-11 Мај 2014 година во Самоков, Бугарија.

МОК целосно ги покри трошоците за транспорт, сместување и исхрана и обезбеди опрема за целата македонска делегација која ќе настапи на Европското првенство.

На Европското првенство, македонската кадетска делегација во борење – слободен стил ќе ја сочинуват:

42 кгр – Шаип Брава
46 кгр – Елмедин Сејфулау
50 кгр – Самир Реџепи
76 кгр – Ѓорѓи Јованов
85 кгр – Михаил Николов

Тренери: Седат Бафтија и Тони Танчев

Судија: Љупчо Јанев

Водач на пат: Бетим Вранези

МОК силно верува во квалитетите на стручните лица од Федерацијата за боречки спортови на Македонија и посебно во нашите млади борачи и верува дека можните одлични резултати ќе значат остварување на квалификациска норма за учество на Младинските олимписки игри Нанџинг 2014.

МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

← Назад кон архивата