За Шерпасите


Групата фотографи Џими Чин, Џејмс Балог, Кори Ричардс, Ренан Озтурк, Теру Кавајама, Пит МекБриџ, Гордон Вилтси, Енди Бардон, Роб Кендрик и Макс Лов се луѓе кои што своевремено работеле со Шерпасите во некои од нивните проектите на Еверест.
Тие се длабоко потресени од трагедијата која се случи сабајлето на 18 април во која животите ги изгубија 16 шерпаси, па започнуваат собирање на парични средства преку продавање на свои познати дела со мотиви од Еверест и шерпаската заедница.
Секоја фотографија стартува со цена од 100 долари, а сите средства собрани преку овие донации ќе бидат распоредени во шерпаската заедница од Кумбу регионот, 50 проценти ќе одат за засегнатите фамилии со трагедијата, останатите 50 за долготрајна поддршка на регионот.
Повеќе тука