Палачинки од спанаќ и ленено семе


- 3 раце спанаќ
- 3 лажици ленено семе
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 и пол чаша брашно од ориз
- природна сол
Подготовка
1. Лененото семе го ставате во чаша вода во фрижидер да одстои малку, потоа го ставате во блендер со спанаќот.
2. Ги блендате се додека не се спои смесата.
3. Го додавате брашното, пецивото и солта и повторно блендате додека не се соединат.
4. Се пржат на маслиново масло како вообичаени палачинки.
Предлог за сервирање: сендвич од палачинки со сенф и јајце.
