Грци го решија „проблемот“, на болдер во Прилеп


Ги најдовме ненадејно, во џунглата од „лајкови“ на Фејсбук, и навистина ни се виде интересна приказната на група Грци кои се враќаат екстремно задоволни после поминатиот викенд на Крали Марко Болдер фестивалот, па ги исконтактиравме.

Дечките, кои инаку се од bouldering.gr беа целосно согласни за идејата која што им ја понудивме, да формираме мала статија на нашиот портал за нивниот престој во болдеринг рајот на балканов и пошироко, а додатно бевме многу среќни кога чичко Гугл ни го преведе нивниот пост поврзан со галеријата од каде ги земавме фотките:
- „Врати се на база по фантастичен викенд полн со карпата и убави моменти во Крали Марко Болдер Фест во Прилеп … добие малку вкус на нашето учество на фестивалот!“
Во разговор со нив, тие ни објаснија дека bouldering.gr претставува сајт (моментално уште во изработка) кој има намера да го популаризира болдерингот како спорт во Грција.
Позади објективите стои Gregory Ts како фотограф на агенцијата GOexperience.com.gr
Во продолжение следи една комшиска фото-приказна:











