Флора-фауна

Светско-Полумаратон-Копенхаген, Од сон до реалност!

width=635

Главниот град на оваа скандинавска земја, како и голем дел од престолнините на многу држави во светот, секоја година, меѓудругото, организира и полумаратонска трка во која што учество земаат околу 30 000 луѓе. Тоа е навистина голема бројка на луѓе што уживаат да трчаат,независно дали се професионалци,аматери, рекреативци… Оваа година сите овие љубители на трчањето, имаа неверојатна можност да трчаат во исто време со светската елита. 90 жени и 113 мажи беа дел од Светското првенство во полумаратон и тие ги претставуваа своите репрезентации на повеќе од 60 земји од светот.

Јас ја имав таа чест да ја претставувам Македонија на едно вакво големо натпреварување. И еве, додека го пишувам овој текст, не ми се верува дека стоев рамо до рамо со човекот кој го има најдоброто истрчано време во историјата на оваа дисциплина, светскиот рекордер Тадесе.

← Назад кон архивата