Вести

Разултати од првото коло од бокс лигата „БАРГАЛА“

width=635

БОКС ЛИГА “БАРГАЛА” на Македонија за 2014 година, Ќе се одржи во 8 (осум) КОЛА. Техничка организација на ПРВОТО КОЛО е од Боксерскиот клуб “БАРГАЛА” од Штип.

На 29.03.2014 година во Спортската сала ОУ “ТОШО АРСОВ” – Штип, се одржа првото коло од БОКС ЛИГА “БАРГАЛА” на Македонија за 2014 година, со почеток во 14 часот.

На ПРВОТО КОЛО учествуваа 10 Боксерски клуба:

Шкупи, Универзалци, и Аперкат од Скопје, Баргала – Штип, Охрид – Охрид, Бранител и Пелбит – Битола, Шкендија Бокс од Тетово, АС од Прилеп и Фајтер – Илери од Куманово, со вкупно 38 боксери, во три возрасни категории, и тоа:

СЕНИОРИ – 12, ЈУНИОРИ – 11 и КАДЕТИ – 13 боксери и 2 жени .

Најинтересни борби во изедначена равноправна борба, победи постигнаа во оваа КОЛО, и тоа:

  • Ангел Арсов – БК”Баргала” во категоријата 63 кг – Кадети
  • Јасин Љама – БК”Шкупи” во категоријата 56 кг – Јуниори
  • Љупче Јанески – БК”Аперкат” во категоријата 75 кг – Јуниори
  • Александар Најдовски – БК”Пелбит” во категоријата 91 кг – Сениори

Службени лица на 1-то коло во БОКС ЛИГА “БАРГАЛА” на Македонија за 2014 година, и тоа:

  • ДЕЛЕГАТ: ДУШКО САЧКАРСКИ – СКОПЈЕ
  • ЛЕКАР: ЃОРЃИ СТОЈЧЕВ – ШТИП
  • ГЛАВЕН СУДИЈА: МИРКО ЛЕОВ – АИБА – СКОПЈЕ
  • СУДИИ: ПЕТРЕ НЕДЕЛКОВСКИ – АИБА – СКОПЈЕ
  • РИСТО ОГЊАНОВ – НАЦ. – ШТИП
  • АЛЕКСАНДАР ДЕНКОВ – НАЦ. – ШТИП
  • РАДМИЛА СИМЕВСКА – НАЦ. – ДЕЛЧЕВО

Судијската Комисија при Боксерската федерација на Македонија, пред одржувањето на 1-КОЛО од БОКС ЛИГА БАРГАЛА ЗА 2014 во Штип го одржа испитниот Тест за Судиите во Боксерскиот спорт. На него земаа учество 11 Судии од кои 3 нови судии Николче Митевски, Фросина Манева и Стефан Цубалевски, кои успешно го положија теоретскиот и пратичниот дел од испитот и се стекнаа со категоријата НАЦИОНАЛЕН СУДИЈА ВО БОКС.

НАПОМЕНА:

2-то КОЛО ОД БОКС ЛИГА “БАРГАЛА” на Македонија за 2014 година, Ќе се одржи на 05.04.2014 година во Спортската сала на (ГИМНАЗИЈАТА) СУ “КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИќ”- ТЕТОВО

(Салата се новоѓа близу до ШАРЕНА ЏАМИЈА во центарот на Тетово)

← Назад кон архивата