Над качувачкиот локалитет „Кадина пештера“

Обезбедувањето на насоките (сега за сега 14) на Кадина пештера беа направени од членови на СКК Вардар и СКК Екстрим, а сето ова беше поддржано од Македонската спортско качувачка федерација која учествуваше во проектот.
Локалитетот се наоѓа на околу 36 км. од Скопје, во општината Зелениково, близу селото Гумалево и лежи во непосредна близина на Кадина Река. Варовничката карпа која што е извајана од самата природа е со импресивна големина и постои огромна можност за искористување на спортско качувачките потенцијали на истата.
Нашиот тим, имаше можност да присуствува на отварањето кое се одржи викендов и да го разгледа малку повеќе локалитетот од воздух.