Флора-фауна

Понапредни вежби за отстранување на целулитот

 

Комбинацијата од силов тренинг и аеробни вежби ќе ви помогне да изградите мускулна маса и да го зголемите топењето на масти, а воедно да ја тонизирате кожата и мускулите по што нормално, ќе се намали и целулитот.

Дополнително, клучот е во намалување на храна богата со јаглехидрати, шеќери и пиење многу вода за да се намали задршката на течности.

Треба да се има на ум дека целулитот не се појавува преку ноќ, па така и не исчезнува преку ноќ.

Затоа, бидете упорни и комбинирајте ги, на пример, овие вежби со правилна исхрана за најдобри резултати.

1) Исчекор на сите страни
Мускули што се активираат: квадрицепси, внатрешни и надворешни бедра, задница, задна ложа
Повторувања: 3 сетови по 15 пати

2) Чучњеви (Пехар)
Мускули што се активираат: задница, задна ложа, квадрицепси, внатрешни и надворешни бедра
Повторувања: 3 сетови по 20 пати

 

3) Мртво дигање на една нога
Мускули што се активираат: задна ложа
Повторувања: 3 сетови по 20 пати

4) Брпи
Мускули што се активираат: Цело тело
Повторувања: 3 сетови по 15 пати

5) Подигање на карлица на една нога 
Мускули што се активираат: задница
Повторувања: 3 сетови по 15 пати

← Назад кон архивата