Исхрана

Полнички по ген, настрана од пржениците!

width=635

Јадењето на пржени, особено длабоко пржени работи е екстремно лоша работа за било кој човек од бројни причини, но во една понова студија се испостави дека пржените работи имаат далеку поголем потенцијал да ги направат потешки оние луѓе кои имаат генетска компонента во нивната конституција и дебелина. 

Имено, студијата од Харвард вели дека јадењето на пржена храна четири или повеќе пати во неделата има двојно поголем ефект врз тежината кај овие луѓе во споредба со оние кои немаат ваква генетска предиспонираност. Дури и само една или две порции неделно кај овие луѓе имале ефекти врз тежината која е еден од ризик факторите за многу други здравствени компликации. 


 Може да ве интересира: „Фино пополнети, но сепак здрави“


 Главниот истражувач на оваа студија вели дека „постои голема и сигнификантна разлика во резултатите.“ 

  • „Високиот генетски ризик може да го зголеми и така катастрофалниот ефект на брзата храна. На другата страна, пак, консумирањето на пржена храна може исто така да го зголеми генетскиот ефект на дебелината.“ 

Ова е една од првите студии во која се разгледува интеракцијата помеѓу тежината, генетиката на дебелината и одредена тип на храна.

← Назад кон архивата