Интегрален ѕвезден крекер


- 150г интегрално брашно
- 70г овесни снегулки
- 3 лажици интегрален сусам (ако сакате можете малку да го пропржите во тава)
- 30г маслиново масло
- 1 лажиче морска/хималајска сол
- 100мл ладна вода
Подготовка
1. Во длабок сад се мешаат сите состојки.
2. Се прави тесто кое се расукува во кора од 5 милиметри.
3. Со модлица по избор се делкаат крекерите.
4. Се печат на 200 степени, околу 15 минути.