Вести

За главата се работи, не за шлемот

width=635

Приказната околу горната слика оди вака: 

Мало дете било собрано од сноубордер кој се движел пребрзо. Девојката која бордала се обидела да го избегне и да закочи, но не успеала и врвот од нејзиниот борд завршил некаде над челото на детето. Како што може да се види, шлемот (кој што тука е отворен ко детелина) си ја завршил работата на ниво, и иако малиот заработил 8 конци за раната, тој нема никакви додатни поголеми проблеми по несреќата и закрепнува прилично брзо. 

Во повеќе наврати и различни спортови кацигата како заштитна опрема се има покажано како клучна за подобрување на исходот од разни несреќи и навистина глупаво е да не го прифатите овој факт затоа што се работи за вашата глава, а не за ова парче пластика!

Извор

← Назад кон архивата