Лесна и здрава салата од кромид


- 2 големи црвени кромидки
- 1 лимон
- 2 лажици оригано
- маслиново масло
- природна крупна сол
- бибер
- луто пиперче (по желба)
Подготовка
1. Кромидот трпеливо се сече на тенки месечинки и се меша со ориганото.
2. Потоа се додава сокот од лимон и ренданата кора од лимон.
3. Се зачинува со останатите продукти според индивидуален вкус.
