Исхрана

К4Т коцки за супа

width=635

 
  • 2 моркови
  • 1 шолја грашок
  • 10-15 шери доматчиња (може и пире од домати)
  • 10 чешниња лук
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица кориандер
  • 1 лажица ким
  • 1/2 лажица бибер
  • 100мл маслиново масло
  • 2 лажици морска сол
 

Пoдготовка

1. Сите состојки се подготвуваат (се мијат и лупат ако има потреба) и се сецкаат на помали парчиња.

2. Потоа се блендираат ситно и се мешаат додека не се добие густа паста.

3. Се налеваат во калапчиња од сладолед (или какви што имате) и се замрзнуваат.

4. После 4-5 часа коцките се вадат од калапот, се ставаат во кутија/кеса и се враќаат во замрзнувач.

width=635

← Назад кон архивата