Типот што планира да искија „сè“ за еден месец


Планинарот и беккантри скијачот Грег Хил е веќе добро познат во буткање на неговите граници во екстреми па овој март, човекот има во план да го оствари предизвикот „Мартовско 100К лудило“ (“100k March Madness Challenge”) каде што ќе треба да оствари вкупен збир од 100 вертикални километри во еден месец.
Што во превод тоа значи: Секој ден од март, Грег ќе треба да исполни квота од околу вкупно 3,3 вертикални километри, нормално, качени на нога (турно) и спуштени, исто така на скија. Она што додатно ја зголемува тежината е тоа што не планира да се повторува во линиите кои ги покрива и стриктно оди во дивина, никако на нешто табано.
Во 2010 година Грег ја има комплетирано неговата „2 милиони“ кампања каде за цела година тој качи и симна вкупно 2 милиони вертикални стапки (околу 610 километри), а неговиот рекорд за еден ден се 15 километри.
Тој вели: „Ски-планинарењето е можност да си ги испиташ твоите граници. Физичката подготовка е само дел од равенката во која менталниот аспект игра исто така голема улога. Башка е прилично спокојно таму горе.“

Доколку успее, тој ќе постави личен рекорд за покриена вертикална дистанца за еден месец.
Блазеси му.
Деталите од секој негов ден ќе бидат објавувани по социјалните мрежи, тука на ФБ, тука @GregHill2Mil на Твитер