Како виничанки се одржуваат во форма

Поканата стигна од Аеробик и пилатес – Виница предводена од одличниот Благој Ристовски, а наше беше да го потврдиме нашето присуство. Секогаш е убаво кога ќе се види толку активна група на девојки кои знаат што е добро за нивното тело.
Инаку во студиото, новитетот кој се работи во полна пареа е последното продолжение од програмата P90X3 ИЛИ LEVEL 3 (30 МИНУТИ), а часовите се одржуваат во склоп на гимназијата „Ванчо Прќе“.
Целта на оваа програма е да се избегне „плато ефектот“ што претставува промени на телото само во првите неколку недели поради едноликоста на вежбите. Тука се постигнува континуирано менување и развивање во тој период од 90 дена. Вклучени се многу вежби кои ќе ви помогнат да ги стопите масните наслаги, да развиете силни и атлетски мускули и да ја подобрите кондицијата.
Па ако сте од тој регион, еве ви начин како можете да се одржувате фит.