Гласајте за македонското (хардкор) девојче


Фотографијата е оваа горе што ја гледате, а муабетот е следен:
Работилница ооо дава иницијатива оваа фотографија која е направена на 26ти јануари 2014 година на Попова Шапка да биде испратена до фото натпреварувањето организирано од Норт фејс и Тетон, и за чудо, авторите на ремек делово Елена Диновска и фотографот Арбен Ислами од Snow Njeri Косово се согласуваат.
Па еве, гласајте со тоа што ќе удрите еден лајк и ќе шернете, нема да ве заболи, а башка фоткава грми, признајте!