Чудо во вашето тело после првиот тренинг

Вашата ДНК може да се промени
Во студијата од 2012 година шведски истражувачи откриле дека кај здрави, но не активни возрасни единки со само неколку минути физичка активност може да дојде до промена во генетичкиот материјал во нивните мускулни келии. Го наследуваме ДНК од нашите родители, но животните фактори како што е физичката активност можат да одиграт голема улога во ,,палењето“ на одредени гени.
Подобро располжение
Со започнувањето на вежбањето се активира и вашиот мозок кој испушта разновидни невротрансмитери како ендорфин и серотонин (хормон на среќата) кои се клучни во фактори во борбата против депресијата.
Заштита од дијабетес
Исто како кај промените во ДНК , во студиите од 2007 година се наведува дека после првиот тренинг се намалува таложењето на мастите во мускулите се зголемува осетливоста на инсулинот. Помала осетливост на инсулин може да доведе до дијабетис.
Подобар фокус
Со вежбањето се зголемува циркулацијата на крвта во мозокот со што се подобрува и работата на мозочните келии. За тоа ни е подобар фокусот после завршувањето на физичката активност.
Стресот полека се губи
Со зголемувањето на циркулацијата на крвта и зголеменото лачење на ендорфинот се намалува и стресот. Само 14 % од луѓето ја користат физичката активност како лек против стресот и негативноста.