Разоткривање на палео диетата (ТЕДх конференција)


Главната идеја на палео диетата е дека основниот проблем со здравјето на модерниот човек настанува поради тоа што тој не евоулирал да конзумира производи креирани во земјоделската револуција.
Затоа, храната како житариците, млечните производи и мешунките не се вклучени во палео исхраната, додека од другата страна се прифатливи шејкови направени од модерната технологија.
Кое е поприфатливо решение, одлучете сами во видеото што е направено да се одвојат митовите од фактите за палео исхраната што ја имал палеолитскиот човек и нејзината примена во денешницата.