„Војна на голманите“ со младите таленти на ФК Вардар

Младите голмани на ФК Вардар под водство на Слободан Мутибариќ дента имаа малку поинаков тренинг кој е добар за опуштање на играчите преку меѓусебни двобои. Целта на играта е да се дадат што повеќе голови од противникот, дозволени се фрлање со раце и шутирање, а головите се наместени на помало растојание.
Двобоите се одвиваат брзо и континуирано со што младите се во можност да развијат брзо размислување и реакција како и осет за бранење. Сето ова делува позитивно бидејќи е во опуштена и релаксирана атмосфера.