Флора-фауна ·

Ја мразите ли вашата канцеларија?

Brooklyn Boulders’ Active Collaborative Workspace претставува отворена јавна канцеларија (работно место) каде што се дозволени па дури и задолжителни екцесивни изливи на енергија, пуштање гласна музика, дигање тегови и кладење во згибови бидејќи со тоа се подигнува работната креативност и најважно од сè, се зголемува продуктивноста на човекот.

Канцеларијата лежи на 37 метри долг и 7 метри висок болдер (вештачка карпа за качување), а целата е во склоп на хибриден објект за спортско качување. 

Физичката активност и позитивната енергијата се ставени на прво место, а луѓето се дури и додатно стимулирани да направат прекинување на досадната и физички укочената работа на биро (се прекинува седењето како еден од полошите „активности“ кои ги правиме) преку движење, вежбање и игра, а сето тоа се одсликува во поголема креативност и среќна и здрава работна средина.


Правилата се следни: 

Дозволени и задолжителни се физички предизвици (склекови, згибови итн.)

Рандом муабети со комшиите се неопходни.

Летаргијата е најстрого забранета. 


 Канцелариите може да ги користи секој, од поединец или тим (фирма), а веќе досега биле правени состаноци од Пума, Ред Бул и Вита Коко. 

Најинтересен момент од целата установа е „наплатата“ за користење на разните бироа кај рандом посетителите. За да работиш на високото биро (на стоење) – 5 подигнувања на вратило на секои 30 мин., да седиш на „баланс“ бирото (на физиотопка) – 5 стомачни на 30 мин., а за користење на заедничката маса – 1 рандом разговор со комшијата на 30 минути. 

← Назад кон архивата