Караџица – дополнителна доза кислород


Деновиве кога Скопје е во обрач на смог и магла, Караџица како дел од масивот нуди импресивни пејсажи, многу букова, дабова и иглолисна шума со еден збор многу кислород. Ние ги искористивме последните моменти на рекреативно планинарење пред да дојде вистинскиот снег над големите врвови.







