Вести

Нуркачите ја продолжуваат експедицијата на езерото Матка

Остатоците од тврдата градба се наоѓаат на окулу 1500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска.

– Во пределот кој го маркиравме на нашата прва експедиција на почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце каде живееле окулу 150 семејства. Денес над истиот предел, на површината сé уште постојат остатоци од манастирот Св. Јован Златоуст и извор кој се смета дека има лековита вода. А во нашата денешна експедиција успеавме да регистрираме и фотографираме дел од ѕидините кои веруваме дека и припаѓаат на стара македонска црква и сега на ред да се огласат се релевантните институции со детална анализа- вели Киро Ангелески, претседател на „Врело” и додава дека нуркачите ќе продолжат да го истражуваат пределот преку вакви експедиции и ќе вршат стручни обуки на нови нуркачи кои дополнително ќе придонесат за понатамошно истражување на културните добра во Македонија.

← Назад кон архивата