Исхрана

Оваа лушпа не смеете да ја фрлите…

width=635

Кога ќе се спомне лимон, вашите мисли сигурно веќе цедат сок, а во функција се ставаат и плунковите жлезди. Но освен пулпата и сокот, исто и кората на лимонот крие непроценливо богатство.

Кората од лимон содржи 3 пати повеќе Ц витамин од лимоновиот сок. Освен тоа позастапени се и другите витамини и минерали како А вит., бета каротените, фолатите, калциум, магнезиум, калиум.

Освен тоа, лимонените кои се наоѓаат во кората во најголеми количини и му ја даваат киселоста на лимонот, во неколку наврати, во различни лаборатории се покажале како ефективни антиканцерогени материи. Се смета дека лимонените делуваат против карциномските клетки кај рак на дојката, колонот и кожата.

Поради калциумот и витаминот Ц, кората од лимон е одличен чувар на коските и помага во превенција на остеопороза, артити и други заболувања на скелетниот систем.

Преку полифенолните флавоноиди кои лимоновата кора ги содржи, спречува покачување на лошиот ЛДЛ холестерол, па така го одржува здрав и васкуларниот систем и го намалува ризикот од појава на хипертензија и атеросклетоза, заболувања кои денес имаат статус на епидемија.

Во кратки црти сето ова здравје го фрлате со секој исцеден сок од лимон. Нареден пат спечалете си додатна доза витамини и сочувајте ја кората или замрзнете цел убаво измиен лимон и по потреба рендајте.

← Назад кон архивата