Ф’стак – факти


Дневната препорачана доза за да добиете максимум бенефит за здравјето е околу 56-70 грами фстаци. Значи околу една шака, полна до врв со есенцијални масти, Б витамини, калиум и магнезиум. Сушените фстаци имаат и витамин А, Ц, Е и калциум.
Здравите масти со кои изобилуваат фстаците се одлични за кардиоваскуларниот систем и срцето, така што помагаат во намалување на лошиот холестерол. За оваа цел помагаат и диеталните влакна кои се содржат во овие јаткасти плодови.
Фстаците се одличен извор на Е витамин, а со тоа одлична храна за здрава и убава кожа. Витаминот Е ги уништува слободните радикали и спречува стареење и оштетување на кожата, а исто така и го намалува ефектот од УВ зраците.
Овие јатки се смета дека ја подобруваат крвната слика, бидејќи позитивно делуваат врз хемоглобинот и црвените крвни зрнца. Индиректно помагаат во подобрување на оксигенацијата на целото тело.
Како и другите јатки така и фастците се одлични за мозочната функција. Освен тоа според најновите истражувања, јатките делуваат антидептесивно.
Е сега, немојте овие здрави факти да ви бидат оправдување да навалите на баклава со фстаци.