Би готвеле ли вие со кујнскиот Робокап?


Сакате да си направите пица без да ги извалкате рацете? Фудини може да ја преземе работата. Освен пица, досега овој робо-готвач успеал да се докаже во правење крекери, бургер, плескавица од грав, тродимензионални чоколадни фигури, њоки од тиква и равиоли.
3Д принтот на храна започна како концепт наменет за во вселенските бродови, со цел да се подобри вкусот и квалитетот на храната за астонаутите. Конкретно оваа машината е развиена во Барселона, од страна на Natural Machines, а според BBC истата можете да ја имате во својот дом доколку од буџетот одвоите 1000 евра.
