Флора-фауна

Додека се молиме да скапат

width=579

Нешто повеќе за есенско-зимскиот витамински бунар ќе си најдете тука. Тие се одлично сезонско овошје, без никаков проблем растат кај нас и вклучени во диетата може да ни направат одлично освежување на нашите витамински залихи кои полека но сигурно паѓаат во текот на постудените периоди.

Имаат само една маана. Потребен им е долг период додека да созреат. Набргу по берењето тие се сè уште тврди и неповолни за јадење, а нивната пулпа има адстригентни својства (ни ја собира устата) па баш не се поволни за јадење. Додека да созреат, односно скапат, и да бидат супер сочни и благи, често треба време, а време се нема. 

width=635

Еве го трикот што ни го кажаа повеќе пазарџии кога ги прашавме за забрзувањето на процесот на зреење:

Го ставате тврдото јапонско јаболко во замрзнувач, оставате да замрзне (неколку часа), а и да го заборавите не е страшно, после тоа го оставате да се одмрзне на собна температура (немојте во печка или микро) и тоа е потполно созреано и спремно за служење. 

Имајте убав и здрав апетит! 

← Назад кон архивата