Една година со karas4training.com


Помина цела една година исполнета со страст да го доловиме она што го прави животот во Македонија убав: спорт, насмевки, зезање, проекти за доброто на сите, тренинг, гурмански навики, здрава храна, сонце, растрчани деца, храбри момци и девојки, љубов, планини, вода.
Голема благодарност до сите кои пружија рака на ова новороденче пред една година. Сега никнуваат заби, дигаме температура, но и растеме секогаш придружени со прекрасни луѓе кој ги среќаваме низ нашата работа.
Овој клип што го подготви Ѓорѓи од нашиот тим е честитка а воедно и најава за новогодишното видео кое ќе биде ретроспектива на сето она што влезе во нашиот кадар во 2013 година.
лајк на фб тука глас за сајт на годината 2013 Во категории: Најдобар Сајт за 2013; Најдобар сајт според дизајн; Најдобар информативен сајт; Најдобар спортски сајт; Најиновативен сајт; Најдобар блог.