Вести

„Скајран“ откажан поради повеќе од развигор

Видеото е снимено од еден од тркачите блиску до највисокиот врв на рутата Авока, а само едно делче од него ќе ви покаже зошто Саломон „Скајран 2013“ беше откажан. 

10 часа по стартот организаторите ја прекинуваат трката поради очигледни причини, а потребни им биле уште 10 часа да ги обезбедат и симнат сите натпреварувачи од планината. 

100 км долгата „Скајран“ е една од најтешките трејл трки во Јужна Африка. И додека временските услови се дефинитивно меѓу главните фактори кои диктираат, рутата сама по себе е екстремна поради фактот што е комплетно необележана, а натпреварувачите се оставени сами на себе, што го прави ориентирањето и издржливоста приоритет.

Еве едно пишано искуство од еден натрпеварувач.

← Назад кон архивата