Перо Антиќ на NBA All-Star


Можете да гласате на официјалниот сајт на НБА лигата, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
За Перо Антиќ ќе ни требаат околу половина милион гласови за да влезе на Ол стар натпреварот кој ќе се одржи на 16.02.2014 година во Њу Орлеанс.
Процедурата за гласање е следнава…
На NBA.com Перо Антиќ можете да го најдете во “(OPTIONAL) write in vote” листата. Регистрирајте се и изберете по 5 кошаркари од главната листа и Перо Антиќ во дополнителната листа (барајте го под буквата A – Antic, Pero, Atlanta).
На Фејсбук треба да коментирате под пост на официјална Фејсбук фан страна на тим или на НБА лигата, а коментарот треба да содржи “#NBABallot Pero Antic”.
На Инстаграм објавете слика со коментар кој содржи “#NBABallot Pero Antic”.
На Твитер твитнете “#NBABallot Pero Antic”.
Гласањето трае до 21.01.2014 година, а секој ден можете да гласате за 10 различни кошаркари.